1953 Фенербахче – Хатајспор (18.00 часот)
Фенербахче нема време за жалење што му го препушти првото место на Галатасарај, вечерва дома против Хатајспор со победа повторно привремено ќе се врати на врвот во турската Суперлига. Фенер има три порази сезонава, од кои два во последните две кола и итно му требаат трите бода. Истанбулскиот гигант е најефикасен тим во лигата со 36 гола на 14 меча. Хатајспор не знае за пораз во последните три кола. Во минатата сезона Фенер дома го победи Хатајспор со 2-0, со два гола во второто полувреме.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.51)
1008 Челзи – Борнмут (18.30 часот)
Сините заборавија да победуваат во Премиер лигата и ова им е шанса да се потсетат. Челзи е осми на табелата, а губеше во последните три средби пред паузата. Борнмут победи на последниот меч, а тие се тим со најмногу примени голови во лигата (32 примени на 15 меча). Челзи е некомплетен, има повредени играчи, некои се заморени по настапот на СП. Борнмут победи на своето последно лигашко гостување на „Стемфорд бриџ“ во 2019 година, традицијата најавува меч со не повеќе од три гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.15)
1663 Вестерло – Антверп (20.00 часот)
Ова е дуел на две екипи кои се во горниот дел на табелата во белгиското првенство. Гостите се трети, но во последните четири кола освоија само два бода, па сега лидерот Генк им бега за цели 10 бода. До пред овие два меча, Антверп немаше ниту еден нерешен исход сезонава. И Вестерло има само две ремија сезонава, едното пред две кола. Тие се малку поефикасен тим од Антверп, но имаат многу повеќе примени голови. Член на Вестерло е Ердон Даци, но нема да игра поради повреда. Од осум меѓусебни дуели на овие екипи во Вестерло, дури шест завршиле со резултат 2-1 за домашните.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)
1009 Манчестер ј. – Нотингам ф. (21.00 часот)
Тука домашните се фаворити на хартија, иако и двата тима имаа по две победи во последните четири кола пред паузата. На Форест тие триумфи му помогнаа да го избегне последното место, а Јунајтед е во трка за место во ЛШ. Манчестер има девет гола повеќе дадено и десет помалку примени. Лисандро и Варан нема да играат, па во одбраната на Манчестер ќе мора да биде Мегваер, кој не е многу популарен. Последната победа на Нотингам на „Олд Трафорд“ беше во 1994 година.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.63)
1023 Барнли – Бирмингам (21.00 часот)
Тимот на Дарко Чурлинов е првопласиран во Чемпионшип и мора да добива вакви мечеви ако сака враќање во Премиер лигата. Барнли има просек од точно два постигнати гола по меч. Бирмингам е во средина на табелата, игра променливо и исходот на овој меч зависи од домашните. Последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со гол на двете страни, кога играат во Барнли, тоа се најчесто мечеви со 3+ голови.
Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.58)