Фенербахче има очаен напад, Чичарито е лек за маките на турскиот гигант

Хавиер Ернандес, или популарниот Чичарито е на врвот на листата желби на Фенербахче како зимско засилување во битката за опстанок на гигантот во Првата Лига на Турција.

Напаѓачите на Фенер играат многу слабо сезонава, а посебно на удар е Ислам Слимани. Алжирецот блескаше во Порто, но игра лошо за турскиот гигант и веројатно ќе си замине од клубот.

Место него раководството на Фенербахче се обидува да го доведе мексиканскиот репрезентативец Хавиер Ернандес од Вест Хем. Преговорите се во тек, а турските медиуми веќе објавија дека постојат големи шанси Чичарито да му биде соиграч на нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести