Фенербахче го победи Олимпијакос со 94:80 во едно од најголемите европски кошаркарски дербија.
Турскиот гигант иако имаше неколку отсуства на играчи, од кое најзабележително беше тоа на Јан Весели, успеа да оствари голема победа над ривалот, со што ја продолжија добрата серија од четири победи на последните пет средби.
Интересно е што во толку ефикасна средба, најмногу постигнати поени од кошаркар беа 17, и тоа од страна на Мелих Махматоглу, но кај домаќините дури шестмина кошаркари беа двоцифрени.
ЕВРОЛИГА
Баерн – Жалгирис 74:65
Фенербахче – Олимпијакос 94:80
Барселона – Милано 73:75