21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Фенербахче ја дозна казната за скандалот во турскиот Супер куп

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција, ја одреди казната за екипата на Фенербахче, која го напушти теренот во втората минута од Супер купот против Галатасарај.

Раководството на Фенербахче се одлучи на ваков потег во знак на протест против Фудбалскиот сојуз поради лошиот термин, но и за останатите одлуки. На теренот истрчаа со младинската екипа, а откако примија гол во првата минута, го напуштија теренот.

Фенербахче за ваквиот потег е казнет со парична казна од 115.000 евра и службен пораз од 3-0 во корист на Галатасарај. Казна заработи и Ахмет Кетенчи бидејќи ја повлекол екипата. Тој ќе треба да плати 15.000 евра и ќе биде надвор од фудбалот во следните два месеца.

- Оглас -

Најнови вести