Фенербахче постигнал договор со Пари Сен Жермен за трансферите на Марко Асенсио и Милан Шкрињар, кои ќе му се приклучат на тимот на Жозе Мурињо за време на тренинг кампот во Португалија.
Двата клуба се договориле за вкупна трансферна сума од 20 милиони евра, која ќе биде платена на рати.
Турските гиганти беа заинтересирани за двајцата играчи, а самиот Мурињо инсистираше на траен трансфер на словачкиот дефанзивец. Шкрињар ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Истанбул, брзо се етаблираше како клучен играч во тимот, постигнувајќи три гола.
И Асенсио го избра Фенербахче, и покрај интересот од Милан, Интер и Виљареал. Турците му понудија годишна плата од 9 милиони евра.
Поранешниот играч на Реал Мадрид моментално е на одмор, но се очекува да потпише договор во наредните денови.
Сепак, амбициите на Мурињо и клубот не запираат тука. Фенербахче подготвува уште еден голем трансфер – оној на Кингсли Коман од Баерн Минхен.