Фенербахче ќе победи, а Корона има минимални шанси на гости

5623 Ал-Итихад – Футуре (21:15 ч.)

Дуел на две екипи кои се во горниот дел од табелата во првенството на Египет. Футуре во 21-вото коло има само еден пораз, но дури деветпати ремизира и ја има втората најдобра дефанзивна линија.

Ал-Итихад дома ретко прима голови, но тоа што е интересно е дека овие два тима во последните 17 месеци играле четири пати, а дури трипати било голеада со ГГ3+ (резултатите беа 4:3, 2:1, 3:2).

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

3302 Гурњик Забже – Корона Кјељце (20:30 ч.)

Две екипи на кои главна мисија во првенството на Полска им е да не испаднат. Гурњик е во зоната за испаѓање, а Корона е веднаш над таа линија. Традиција вели дека може да се очекува возбудлив дуел со погодоци затоа што на седум од последните 10 меѓусебни средби биле ГГ3+, а дури осум од 10 завршиле барем со три погодоци. Гурњик не смее да си дозволи пораз затоа што во таков случај полека ќе може да ги пакува куферите за во втора лига.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.88)

 

3613 Олимпија Љубљана – Целје (20:15 ч.)

Четвртфинале на Купот во Словенија, и тоа дерби, затоа што ова е дуел на лидерот против третопласираниот на табелата. Овие два тима сезонава одиграа три меча, а на два беше сиромашно и едвај имаше вкупно еден гол, додека на еден натпревар беше голеада со победа на Целје од 4:3.

Ако се знае дека ова е еден дуел по кој нема поправен, јасно е дека ќе се игра со многу калкулации и внимателно.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)

 

2842 Фенербахче – Кајзериспор (19:30 ч.)

Нема дилема дека Фенербахче е фаворит за пласман во полуфиналето на Купот во Турција, но Кајзериспор е опасен ривал, што покажува и фактот дека се во горниот дел од табелата.

Кајзери игра отворен офанзивен фудбал, па знаејќи дека гостите нема што многу да загубат на гостувањето во Истанбул, може да тргнат напаѓачки. Фенербахче ги доби последните три средби со овој ривал и екипата која го загуби чекорот во трката за титулата во првенството, шансата за трофеј ја гледаат во Купот.

Предлог тип: 1&2-5 (1.85)

 

3628 Краснодар – Ростов (19 ч.)

Осминафинале од Купот на Русија меѓу две екипи кои се во добра форма. Тука може да решава моменталната инспирација, но тоа што е традиционално е дека на последните 11 меѓусебни средби секогаш имало барем два гола.

Краснодар ја има предноста на домашниот терен, но не треба да се заборави дека Ростов е втор на табелата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

- Оглас -

Најнови вести