Фенербахче му понудил тригодишен договор на Јоаким Лев

Фенербахче не се откажува од идејата да го ангажира Јоаким Лев за тренер. Турските медиуми објавуваат дека Фенер испратил понуда до популарниот Јоги, во која му нудат тригодишен договор (до 2024 година), и сега се чека одговор.

Истанбулскиот гигант неодамна се раздели со Витор Переира кој дојде во јули, а славниот германски селектор во минатото веќе бил тренер на Фенербахче, во сезоната 1998/1999.

- Оглас -

Најнови вести