Фенербахче на Мурињо поразен од Лил, убава предност за Митјиланд

Турскиот вицепрвак Фенербахче загуби со 2-1 на гостувањето во Лил, во првиот меч од третата рунда во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Жозе Мурињо беше на прагот на реми, но Едон Жегрова постигна победнички гол за Лил во 91.минута од мечот.

Ирхан Кахвечи одлично изведе слободен удар и погоди за 1-1 во 80.минута, откако Лил поведе уште во 12.минута со голот на Тијаго Сантош.

Митјиланд обезбеди два гола предност (2-0) во дуелот со Ференцварош, со головите на Букса и на Франкулино.

Динамо Киев и Ренџерс одиграа 1-1, идентичен беше резултатот и на дуелот Спарта Прага – ФЦСБ, а Малме и ПАОК ремизираа 2-2. Лудогорец славеше на гости против Карабах со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести