Турскиот гигант убедливо со 3:0 го победи Андерлехт во првиот меч од плејофот во нокаут-фазата за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа. Балканското дуо Душан Тадиќ и Един Џеко погодуваа во првото полувреме за сигурно водство на Фенербахче, а во второто полувреме Ен Несири зголеми на 3:0 за комотна предност пред реваншот.
Ајакс во второто полувреме го скрши отпорот на Ројал Унион и победи на гостувањето во Брисел со 2:0. Расмусен и Мокио погодоија за гигантот од Амстердам и во реваншот на својата арена „Јохан Кројф“ треба само да го потврди местото во осминафиналето во второто пол ранг натпреварување на УЕФА.
На гости победи и Реал Сосиедад и тоа против Мидтјеланд. Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Со минимална победа од 1:0 на домашен терен се радуваше Ференцварош против Викторија Плзен.