Фенербахче никогаш нема загубено од Андерлехт, голови ќе има во Белгија и Данска (Фото)

6028 Фенербахче – Андерлехт (18:45)

Фенербахче и Андерлехт низ историјата имаат одиграно четири меѓусебни дуели, на кои трипати победиле Турците, а еден меч завршил нерешено. Фенербахче ги добил двата меча на домашен терен против Андерлехт, па и денес е фаворит за победа во плејофот од Лигата на Европа. Од избраниците на Жозе Мурињо се очекува победа со која ќе имаат мирен реванш во Белгија.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.03)

 

6026 Унион СГ – Ајакс (18:45)

Унион и Ајакс никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен меч, но кога играат екипи од Белгија и Холандија, она што се очекува се головите. Унион на последните три натпревари одигра „гол-гол“ најмалку со три гола, односно сите три меча завршија со идентични 2-1, додека Ајакс на два од последните три натпревари играше со голови во двете мрежи и овие натпревари завршија со 2-1, па нема зошто да не биде така и вечерва.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.35)

 

6716 Молде – Шемрок (18:45)

Молде и Шемрок во 2022 година беа дел од иста група во Конференциската лига, а сега ќе играат во плејофот на истото натпреварување. Пред две сезони Молде беше поуспешен и победи со 3-0 на домашен терен и 0-2 на гости, па и денес од нив се очекува во најмала рака да го повторат резултатот од пред две сезони и со убедлива победа да си обезбедат мирен реванш во Ирска.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.90)

 

6721 Копенхаген – Хајденхајм (21:00)

Од соседскиот дуел на Копенхаген и Хајденхајм се очекува ефикасен фудбал и голови. Двете екипи важат за ефикасни, а тоа треба да го покажат и вечерва на нивниот меч од плејофот на Конференциската лига.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.75)

 

6717 Викингур  – Панатинаикос (18:45)

И Викингур и Панатинаикос се наоѓаат во лоша форма во домашното првенство, но на нивниот меѓусебен дуел од Конференциската лига фаворити се гостите од Грција. Рејтингот на Панатинаикос и, пред сè, на грчкиот фудбал се најголемата предност на гостите кои ќе се обидат од гостувањето на Исланд да се вратат непоразени и така да дојдат поблиску до пласман во осминафиналето.

Предлог тип: Х2 & 3+ (1.84)

- Оглас -

Најнови вести