Фенербахче објасни зошто се случи лакрдијата во Суперкупот кој не се одигра

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче направи скандал откако реши да не го одигра финалето во Суперкупот на Турција против Галатасарај. Финалето започна, Галатасарај даде гол уште во првата минута, а веднаш потоа фудбалерите на Фенербахче решија да го напуштат теренот.

Ова сценарио не беше големо изненадување затоа што неколку дена претходно од Фенербахче најавија дека тоа ќе се случи, а сега стигна и објаснување зошто е направен целиот скандал.

„Неправдите кои ги доживеавме, заверите од терористички организации, обидите за убиства на нашата фудбалска екипа по гостувањето во Ризе, обидот за линч на нашите фудбалери на последното гостување што го имавме, како и судиските малтретирања се причина за ваквиот потег – да не се одигра финалето. Еден од факторите што најмногу нè боли е тоа што обидот за убиство уште не е решен. И тогашната управа размислуваше за истапување од лигата, а продолживме да играме откако добивме уверување дека криминалците ќе бидат пронајдени. Поминаа девет години оттогаш и уште нема ништо. Ова се само дел од случувањата кои направија финалето да не се одигра. Можеме уште да набројуваме“, преку соопштение порача претседателот на Фенербахче, Али Коч.

Од Фенербахче обвинуваат дека во Фудбалскиот сојуз постои систем кој низ судењето го одредува текот на првенството и дека е време за рестартирање на турскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести