Фенербахче веќе 12 години нема титула од турското првенство, а раководството на клубот е решено да стави крај на постот. Гигантот од Истанбул тргна по потписот на хит напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, а двете екипи веќе преговараат за деталите.
Првата понуда од пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната и задолжителен откуп од 30 милиони евра налето беше одбиена, бидејќи екипата од Серија А сака да го продаде репрезентативецот на Гана, а не да го позајми.
Вредноста на фудбалерот е токму колку што нуди Фенербахче, 35 милиони евра, но камен на сопнување е датумот кога да се реализира трансферот.
Аталанта сака да го задржи до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, односно до 28-ми јануари, а Фенербахче сака да го има во составот веднаш, па тоа останува единствената работа која треба да се „испегла“ во преговорите.

