Фенербахче постави тројкашки рекорд на Евролигата, Ѕвезда реди порази

Екипата на Фенербахче со 24 погодени тројки на средбата со Валенсија, постави нов рекорд на Евролигата во кошарка. Турскиот тим имаше дури 63,2 отсто реализација на шутевите за три поени, погодија 24 тројки од 38 обиди, и на крај го победија шпанскиот тим со 118-88.

Големото грчко дерби помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос го добија Црвено-белите од Пиреа со 71-65. Тие по вторпат сезонава го совладаа ПАО во евролигашките пресметки.

Во Белград, Црвена ѕвезда имаше плус 16 на полувреме против Макаби Тел Авив, а на крај се радуваа Израелците со 83-80. За Ѕвезда ова е петти пораз по ред.

- Оглас -

Најнови вести