Фенербахче сака да го задржи Мурињо на клупата и следната сезона

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, даде силна поддршка за Жозе Мурињо и ја отфрли можноста за негова смена и покрај неодамнешните шпекулации во медиумите. Тој истакна дека клубот сака да продолжи да соработува со португалскиот стратег и следната сезона.

„Што се однесува до стабилноста, сакаме да продолжиме со Жозе Мурињо. Среде сезоната тој доби понуда од 36 милиони евра, но реши да остане со нас“, изјави Али Коч.

Тој нагласи дека нивниот однос е многу близок додавајќи дека Мурињо има понуди и од други клубови.

„Ако Мурињо сака да си замине, клаузулите се јасни – мора да се откаже од платата за една година“, дополни првиот човек на Фенербахче.

Иако е во контакт и со Жорж Жесус, поранешниот тренер на клубот, Коч уверува дека Мурињо останува прва опција и е убеден дека ќе донесе титула во Фенербахче. Оваа порака доаѓа во момент кога Мурињо повторно изрази сомнежи за нефер однесување кон него и индиректно ја најави можноста за заминување.

- Оглас -

Најнови вести