Фенербахче се буди, Ерзурум игра историски меч

Денеска финишираат редовните кола претежно во европските првенства, а понудата е поскромна, но сепак има интересни натпревари за типување.

Еве го нашиот тикет за понеделник:

 

Фенербахче – Ерзурум ББ (18 часот)

Ерсун Јанал се враќа на кормилото на Фенербахче, а официјалниот камбек му е денеска, од 18 часот против дебитантот во турската Суперлига, Ерзурум ББ.

За домаќините ова е меч со кој треба да најават пресврт и бегство од опасната зона за испаѓање, а за гостите е меч за историја. Првпат ќе играат прволигашки меч против 19-кратниот шампион на Турција, а со него моментно го делат 16-тото место на табелата со 14 бодови.

Дури што е и чудно, Ерзурум ББ има подобра гол-разлика од гигантот во сезоната што почна катастрофално за Фенербахче. Екипа која е втора најтрофејна во Турција и клуб кој никогаш не бил полошопласиран од десеттото место на крајот на една сезона. Сега се само пред фенерџијата Ризеспор, што е катастрофа за клуб од рангот на Фенербахче.

Јанал знае како се освојуваат трофеи и го предводеше Фенер до шампионската титула во сезоната 2013/14. Тој е одличен мотиватор и стратег, па се очекува да смени доста работи во тимот и да ја стави во вистински погон машинеријата на турскиот гигант.

Предлог тип: T11+I&1+II (2.45)

 

Келн – Магдебург (20.30 часот)

Келн е апсолутен фаворит во дуелот на второпласираната екипа во Цвајта и претпоследниот Магдебург. Популарните „јарци“ имаат амбиции експресно да се вратат во Бундеслигата, а во последно време играат во страшна форма и исклучително се ефикасни.

На последните 4 натпревари имаат 4 победи со импресивна гол-разлика од 18:2. Веројатно нема да играат Модесте, Собиех и Шваб, што е хендикеп за Келн, но екипата има широк спектар на квалитетни играчи и не би требало да има проблем да го победи Магдебург.

Гостите се во лош тренд, имаат серија од 8 меча без победа и тешко дека можат до подвиг, вечерва на „Рајн Енерџи стадионот“ во Келн.

Предлог тип: 1&0-29 (2.40)

 

Аталанта – Лацио (20.30)

Во Бергамо со нетрпение се чекаат дуелите меѓу Аталанта и Лацио, особено во последните пет години. Мечеви за мерак на кои имаше многу голови и пресврти. Последниот токму на денешен ден пред една година заврши нерешено, 3-3, а на претходниот одигран во 2016 година имаше и гол повеќе, па Лацио славеше со 4-3.

Лошо за гостите е што кај нив дојде до пад на формата, па немаат победа на послеедните шест натпревари што ги играа на повеќе фронтови. За среќа, поразот од Ајнтрахт во Рим не ги чинеше скапо, па ќе продолжат да играат во Лигата на Европа.

Но, ако сакаат да ја продолжат битката за пробив на позициите во Серија А што гарантираат настап во Лигата на шампионите ќе мора да ја прекинат серијата порази.

Европски амбиции има и Аталанта, ако го победат Лацио ќе скокнат на шестото место, па јасно е дека вечерва во Бергамо ќе нема калкулации.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.95) 

 

Алавес – Атлетик Билбао (21 часот)

Алавес и Атлетико Мадрид се единствените тимови во Ла Лига без пораз на домашен терем. Иако формата во последно време им е во пад, сепак играчите на Алавес имаат одличен старт на сезоната. Освоија 24 бодови на 15 натпревари, што е многу солиден учинок.

Атлетик е во сосема спротивен тренд и досега игра катастрофален дел од сезоната. Се наоѓа на 18-тото место во Ла Лига, кое води во понизок ранг на натпревари. Тоа за клуб со традиција каква што има Атлетик е лошо бидејќи се работи за еден од основачите на шпанската Прва лига што никогаш не испаднал.

И ако сакаат да се тргнат од долниот дел на табелата, мора да атакуваат на победа во баскиското дерби, вечерва против Алавес. На последните две гостувања во Виторија играчите на Атлетик мораа да им ја честитаат победата на ривалите, но сега типуваме дека тимот од Билбао нема да загуби.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.80)

 

Легница – Лехија Гдањск (18 часот)

Новиот полски прволигаш врза две победи по ред во првенството или три заедно со триумфот против Сласк во Купот. Полека почнаа да се прилагодуваат на дуелите од Екстракласа, но денеска ќе мора да се соочат со голем предизвик против лидерот Лехија.

Во Гдањск повторно се говори за првата титула, односно пак се подгреваат надежите за полската фудбалска круна, што ја нема во витрините на клубот.

Лехија е фаворит, игра одлично и логично е да победи против новиот полски прволигаш.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести