Фенербахче објави дека има дебел минус од 662 милиони долари, што е алармантно за еден од најтрофејните клубови во Турција, па ќе мора да бара спас и во продажба на играчи, меѓу другите мерки што се преземаат да не се случи банкрот.
Еден од најбараните играчи на Фенер е и македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас, кој речиси сигурно ќе си замине летово бидејќи за него има доста заинтересирани клубови.
Меѓу кандидатите се Наполи и ПСВ Ајндховен, потоа и Тотенхем, Атлетико Мадрид, а се споменуваат и Интер, Севилја и уште неколку клубови.
Фенербахче веќе го продаде францускиот ас Матје Валбуена на Олимпијакос, се најавуваат уште неколку трансфери, а од евентуален трансфер на Елмас се очекува заработка од 15 до 20 милиони евра.