Фенербахче одигра перфектен меч во Евролигата и на крајот убедливо со 80:41 го победи Уникс Казан во меч од четвртото коло. Турскиот тим одигра неверојатно добро во одбраната, што дополнително им ја олесни работата во офанзивниот дел.
Уште по првата четвртина, домаќините од Истанбул стигнаа до двоцифрена предност од 21:8, а во продолжение на мечот траеше шоуто на Фенербахче. Во средината на втората четвртина беше 33:11 за Фенер, предноста од 22 разлика остана и на крајот од втората четвртина (44:22).
Домаќините не попуштија во темпото и во второто полувреме. Во третата четвртина водеа со неверојатни 36 разлика (59:23), а Уникс Казан по 30 минути игра, имаше дадено само 27 поени. Во последните 10 минути разликата постојано беше над 30 поени, а на крајот само за два поени Фенербахче не успеа да победи со двојно повеќе постигнати поени од противникот.
Tebrikler Fenerbahçe Beko! 💪
Maç Sonucu | Fenerbahçe Beko 🆚 @unicsbasket: 80-41
Skor dağılımımız: Shayok 17, Booker 16, De Colo 13, Ahmet 10, Vesely 6, Pierre 5, Polonara 5, Guduric 4, Şehmus 4. #YellowLegacy pic.twitter.com/ad306tJQMu
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) October 14, 2021
За разлика од Уникс Казан, вториот руски тим, Зенит ја искористи предноста на домашен терен и победи со 79:71 против Баерн Минхен. Во последните два меча кои се одиграа вечерва, победија гостите. Басконија славеше со 80:76 на теренот на Алба Берлин, додека Макаби Тел Авив го победи Лион во Франција со 93:85.