Со 19 погодени тројки од 37 обиди, Фенербахче го победи Партизан со 89-72 во евролигашки меч одигран вечерва во Истанбул.
Тарик Биберовиќ погоди пет тројки, а Девон Хол и Најџел Хејс-Дејвис по четири, и беа творци на убедливиот триумф. За Партизан ова е трети пораз по ред во Евролигата и сега има скор 2-5, додека Фенер е на 5-2.
Овации во салата добија тројца Срби. Тоа се фудбалерите на Фенербахче, Душан Тадиќ и Филип Костиќ кои го следеа мечот од ложата, и тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, кој на Фенер му ја донесе евролигашката титула во 2017 година.