6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Фенербахче тоне во долгови, клубот е должен неверојатни 588 милиони евра

Актуелниот европски првак во Евролигата, Фенербахче, се соочува со сериозна финансиска криза која ја засенува иднината на клубот. Според информациите од Турција, вкупниот долг на Фенербахче заклучно со септември 2025 година изнесува неверојатни 588 милиони евра.

Оваа сума го опфаќа целокупното работење на клубот, вклучувајќи ги сите спортски секции, објекти, инфраструктура и административни трошоци, а не само кошаркарскиот тим.

На теренот, кошаркарите на Фенербахче имаат скор 3–3 во првите шест кола од Евролигата и моментно се на деветтото место на табелата.


Минатата сезона Фенербахче го освои европскиот трофеј. Во големото финале во 2024 година го совладаа Монако со 81-70, враќајќи го трофејот во Истанбул по повеќегодишна пауза.

Ѕвезда на тој триумф беше Најџел Хејс-Дејвис, сегашен член на Феникс санс во НБА лигата, кој во финалето постигна 23 поени, имаше девет скокови, додаде една асистенција, украде две топки и блокираше еден шут, со индекс на корисност 30, и ја понесе титулата МВП на Фајналфор.

Додека тогаш светлата на Евролигата сјаеја во чест на Фенербахче, денес јавноста ја привлекуваат финансиските бројки кои се закануваат многу повеќе од гаснење на рефлекторите. Во прашање е стабилноста на целиот клуб. Прашање е како Фенербахче ќе успее да го врати долгот, бидејќи без помош од државата тоа моментно изгледа како невозможна мисија.

- Оглас -

Најнови вести