18.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Фенербахче тргна по Енис Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди многу веројатно дека на крајот од сезонава ќе го напушти тимот на Леванте. Барди веќе петата сезона е дел од Леванте, но тимот сезонава игра многу слабо и е на последното место во шпанската Примера и не му бега испаѓање од елитното друштво.

Во една таква ситуација, Барди сигурно ќе биде на „менито“ за заминување од Леванте, па турсите медиуми веќе започнаа да шпекулираат, а потоа пренесуваат и шпанските весници дека следната дестинација на македонскиот репрезентативец ќе биде Фенербахче.

Барди сезонава даде три гола, а имаше и две асистенции, што сепак е премалку за тоа што се навикнати да гледаат навивачите на Леванте од него. Барди вкупно за Леванте има одиграно 155 натпревари во кои постигна 24 голови. Во Шпанија е познат и како еден од подобрите изведувачи на слободни удари.

Освен за Леванте, Барди во кариерата има играно и за Ујпешт три сезони, а кариерата ја започна во Преспа Бирлик во шведската втора лига.

- Оглас -

Најнови вести