Фенербахче уште три години ќе лета со „Весели ерлајнс“

Јан Весели и официјално ќе се задржи во Фенербахче до 2022 година. Словачкиот центар потпиша нов тригодишен договор, обелодени турскиот гигант.

Весели е столбот на успехот на Фенербахче во изминативе неколку години, особено му беше клучен играч на Жељко Обрадовиќ во освојувањето на европската титула во 2017 година. Уште две шампионски титули брои во Турција, како и четири во турскиот Куп.

Инаку, искусниот центар во незгоден период е надвор од погон. Моментално закрепнува од повреда на коленото на десната нога, неодамна му беше направена и операција.

https://twitter.com/FBBasketbol/status/1097428254988910592

- Оглас -

Најнови вести