Фенербахче во нова офанзива за Кајл Вокер

Турскиот гигант Фенербахче ги засилува обидите за ангажман на искусниот десен бек на Манчестер сити, Кајл Вокер, објави турското издание „Фотомач“. Клубот испратил значително подобрена финансиска понуда за англискиот репрезентативец, кој е на врвот на листата на желби на тренерот Жозе Мурињо.

Фенербахче бара замена за Брајт Осај-Самуел, чиј договор истече на крајот од јуни, а Вокер се смета за идеално решение со оглед на неговото искуство и реноме. Преговорите со Манчестер сити наводно се одвиваат без поголеми пречки, а трансферната сума не се очекува да биде проблем.
Одлуката сега е во рацете на самиот фудбалер.

33-годишниот Вокер ја мина втората половина од минатата сезона како позајмен играч во Милан, но Росонерите не ја активираа клаузулата за негов откуп. Турскиот клуб сега сака да ја искористи таа ситуација и агресивно работи на неговото доведување.

Интерес за Вокер покажува и Евертон. Менаџерот Дејвид Мојес сака да ја засили конкуренцијата на десната бековска позиција и го гледа Вокер како играч кој може да внесе стабилност и искуство во одбраната.

- Оглас -

Најнови вести