„Фенерџијата“ не му се дава на лидерот Милан – ВАР премолчи за сомнителниот гол (ВИДЕО)

Иако важи за голем фаворит, лидерот Милан игра само 1:1 на гостувањето против последнопласираната Салернитана.

Великанот поведе со голот на Месијас во петтата минута, додека израмнувањето го донесе Федерико Бонацоли во 29-та, по еден сомнителен момент.

Голманот на Милан, Мајк Маињан, се чини дека излета во празно и не успеа да стигне до топката а пред него таа ја удри еден од играчите на домаќините, по што истата заврши до стрелецот на голот.

Дали беше фаул врз голманот или пак одлуката е правилна, проценете сами.

- Оглас -

Најнови вести