Лајпциг оствари лесна и убедлива победа над Гројтер Фирт со 6:1 во последниот меч од 26-то коло во германската Бундеслига.
Иако првите четири минути најавуваа своевидна сензација бидејќи последнопласираниот тим во Германија поведе со голот на Џејми Луинг, но тоа беше сè што сторија.
Андре Силва (17′), Емил Форсберг (32′), Конрад Лајмер (35′) и Бенјамин Хендрикс со гол во последните мигови од првиот дел ги расчистија сите дилеми.
А голеадата ја продолжија Мохамед Симакан (59′) и Кристофер Нкуку, кој погоди десет минути подоцна.
Со оваа победа, Лајпциг дојде до делба на четвртото место со 44 бода, каде што уште се наоѓаат Фрајбург и Хофенхајм.