СПАЛ – Сампдорија (20:45ч, 11-то коло, Серија А)
Двете последни екипи во Калчо лигата ќе бијат битка за излез од црвената зона. Сампдорија и со триумф нема да направи подвиг од местата кои се закана за испаѓање, но барем ќе се изедначи со останатите екипи кои исто така стравуваат од понискиот ранг на италијанското натпреварување. Екипата од Џенова има само една победа во 10 натпревари сезонава, кризата им трае веќе шест меча, во кои четирипати загубија.
И СПАЛ не е ништо подобар, само две победи, седум порази и едно реми е учинок кој покажува дека оваа екипа нема квалитет да се надигрува со најсилните италијански екипи.
Во четири меѓусебни дуели во рамките од Серија А, редовно се издвојувал победник, а Сампдорија доби три меча. На сите од нив се постигнале најмалку два гола, па иако реализацијата е проблем и кај двете екипи, еднакво лошо се бранат, што значи дека и вечерва голови нема да недостасуваат.
Предлог тип: 2-3 гола (1.98)
Стоук – ВБА (21ч, 15-то коло, Шампионат лига)
Малку е тажно да се види неодамнешниот премиерлигаш како тоне кон третата лига во Англија. На Стоук не му се пишува добро, веќе претрпе 10 порази по 14 натпревари и го зазеде последното место на табелата, па Грнчарите ако продолжат вака, ќе си доживеат кошмарна судбина.
Вест Бромич, пак, добро напредува во својата цел да се врати во елитата, па како четвртопласиран заостанува само еден бод од трите водечки екипи Престон, Лидс и Свонси. Со евентуален триумф, ВБА ќе избиде на лидерската позиција, а шансите за такво нешто се големи не само поради лошата форма на Стоук, туку поради меѓусебниот скор од изминатите неколку дуели.
Ако се сметаат и поранешните мечеви од Премиер лигата, ВБА доби три од последните пет средби против Стоук, а само еднаш ремизирале. Ретко се случува овие две екипи да ја истакнат ефикасноста во меѓусебна пресметка, така што не очекувајте повеќекратно тресење на мрежите.
Предлот тип: X2 & 0-2 (2.35)
Спартак Москва – Арсенал Тула (17ч, 15-то коло, руска Премиер лига)
Фудбалерите на Спартак полека ја надминувааткризата во која се наоѓаа до неодамна, па со две врзани победи им се крена самодовербата таман за да остварат нов успешен резултат и против Арсенал. Тимот од Москва го загуби чекорот со водечките екипи, лидерот Зенит има 15 бода повеќе од Спартак, а далеку се и местата кои нудат излез во Европа.
Арсенал Тула е во кризен период и веќе седум меча во првенството не може да запише победа, така што ќе биде потребно мало чудо за да се совлада Спартак. Можеби гостите ќе се мотивираат знаејќи дека ги добиja последните два меча против Спартак, и тоа со 3-2 и 3-0, но најдобро е овој меч да се типува на погодоци.
Предлог тип: 3+ (2.0)
Сетубал – Боависта (22ч, 10-то коло, Примера)
Звучи чудно, но Боависта е единствената непоразена екипа по 10 кола во португалското првенство. Има само три победи и шест ремија во 9 меча, а планот е во 10-тиот дуел да се задржи тој учинок. Ако се земе предвид противникот, и не е толку невозможно за гостите да не претрпат разочарување. Сетубал нема победа во последните четири дуели, но треба да се знае дека нема загубено на домашен терен сезонава.
Боависта воедно држи децениска традиција и е без пораз од Сетубал во првенството од 2008 година. Исто така ги доби трите последни средби, и тоа без примен гол, а постигнаа вкупно 8.
Предлог тип: X2 & 1-3 (2.30)
Вардар – Војводина (20:15ч, петто коло, СЕХА-лига)
Европскиот првак иако вчера се истроши во триумфот над Мешков Брест, обврски има и во СЕХА-лигата. Само еден ден по мечот во ЛШ, ќе мора да одигра на високо ниво и во СЕХА-лигата. Во „Јане Сандански“ гостува Војводина, екипата која засега добро се држи во ова натпреварување, но има негативен скор против скопски Вардар.
Црвено-црните по оние дебакли од Кил и Веспрем нанижаа две победи и многу веројатно е дека вечерва ќе ја остварат и третата во низа. Против Војводина имаат осум последователни победи на вкупно 10 меча, српскиот тим во 2014 година се израдува против Вардар за прв и последен пат.
Вардарци често успевале да постигнат 30 или повеќе поени против оваа екипа, а ако и вечерва бидат расположени како вчера против Мешков, триумфот е загарантиран.
Предлог тип: 1 хен. -4,5 (1.87)