Фенерот светна во 99-тата минута, донесе голема радост и добивка во Кавадарци од 3.500 евра

Мајсторски одигран тикет со 10 натпревари и скромна уплата од 50 денари му донесе на обложувач во уплатното место Кавадарци 2 во Sport Life супер добивка од 260.268 денари, или нето околу 3.500 евра.

На добитниот тикет храбро се одиграни трите големи дерби-натпревари, сите со знак 1-1. Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер, потоа римското дерби „Дела Капитале“ меѓу Рома и Лацио и лисабонското меѓу Бенфика и Спортинг, што беше и прв пораз во шампионатот на Португалија за популарните Лавови од Лисабон.

КВАДРАДО ПОГОДИ ВО 45+3, ФЕНЕРОТ СЕ ЗАПАЛИ ВО 99-ТАТА МИНУТА

За добивка помогнаа и турските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ, кои се тркаа за титулата, а секогаш треба и малку среќа.

Турците се мајстори за драма, трката за титулата ја доби Бешикташ, а добивка во Кавадарци донесе гол во 99-тата минута. Фенербахче го победи Кајзериспор со два гола во судиското продолжение, првиот во 91-вата минута и вториот за триумф од 2:1 дури во 99-тата минута за голема радост и ќар од 3.500 евра во Кавадарци.

Неизвесно беше на големото италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер, а тука голот што беше неопходен за предност на Старата дама по првото полувреме падна во третата минута од судиското продолжение.

Квадрадо беше стрелец во 45+3 за предност на Јувентус од 2:1, а експрвакот потоа и го победи актуелниот шампион со 3:2.

Интересно беше и во Португалија на трите натпревари што се погодени на добитниот тикет. Бенфика го победи Спортинг со 4:3, типувано е 1-1, а Орлите лесно можеа да ја прокоцкаат предноста од 4:1 во првиот пораз на Спортинг во Примеира оваа сезона.

Боависта го победи Мореиренсе со 1:0 со гол во второто полувреме, за погоден тип единица, а и Порто се разигра во вториот дел и со три гола во мрежата Рио Аве го оствари потребниот 3+.

ДВА МЕЧА, УПЛАТА ОД 2.000 ДЕНАРИ, ЌАРОТ Е 2.200 ЕВРА

Само со два одиграни натпревари, добитниот тикет одигран во уплатното место Хром на Sport Life му донесе на сопственикот бруто добивка од 165.000 денари.

Мудро се одиграни дуели на победи на екипи што имаа императив да победат, а храбро е што знаците се со полувреме-крај, гарнирани со 3+.

Бордо биеше битка за опстанок и успеа да го победи Ленс со убедливи 3:0. Одиграно е 1-1&3+ со одличен коефициент од 11 во Sport Life.

Хванг успеа да погоди од пенал во првото полувреме, а потоа се чекаше до самиот финиш за уште двата неопходни погодоци. Прецизно стрелаа Сабали во 89-тата минута и Зеркане во 91-вата за победа на Жирондинците од 3:0.

Рајо Валјекано ѝ беше гостин на Фуенлабрада, а тимот за кој брани Столе Димитриевски мораше да победи за да остане во игра за учество во плејофот.

Гостите и тука поведоа со пенал во 19-тата минута, што го погоди Иси, а нов удар од белата точка погоди и Трехо за 0:2 на полувреме. Типувано е дека мечот ќе заврши со победа на Рајо Валјекано и со предност на полувремето за гостите, а за 3+ се погрижија и фудбалерите на Фуенлабрада со погодок во 55-тата минута.

Домаќините цело второ полувреме играа со двајца играчи помалку, па типот 2-2&3+ со коефициент 7.50 излезе релативно лесно и донесе добивка од околу 2.200 евра во нето износ.

МИЛИК БЕШЕ ПОБРЗ ОД СУДИЈАТА, МИЛИНА Е ДОБИВКАТА ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ

Аркадјуш Милик беше за неколку секунди побрз од судијата Шнајдер и со гол во 94-тата минута за победа на Марсеј против Анже од 3:2 му донесе голема радост на обложувач со добитен тикет уплатен во Топаанско поле 2.

Мечот беше типуван со знак 1-1&3-5 гола заедно со уште три натпревари. Динамо Дрезден и Лион лесно ги разрешија дилемите околу победникот на дуелите со Туркгучу, односно Ним, а Хајдук со два гола во вториот дел го победи Шибеник, таман за добивка од 83.193 денари со уплата од 300 денари.

ДВА ГОЛА ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ, ЧЕТИРИ ДО КРАЈ СЕ ТОП КОМБИНАЦИЈА ВО SPORT LIFE

Швајцарска комбинација од пет натпревари, сите одиграни со многу популарната игра 2+I&4+ во Sport Life донесоа одлична добивка во уплатното место Битола 2 во износ од 180.698 денари.

Швајцарците беа разиграни викендов, имаше ефикасни натпревари, а пет од нив се одиграни на добитниот тикет со уплата од 200 денари.

И тука се чекаше до последен момент за добивка, а ја донесе играчот на Сервет, Бубакар Фофана со погодок во 93-тата минута. Сервет го победи Вадуз со 3:1, останатите четири дуели од Првата швајцарска лига излегоа како под конец за радост во Битола и нето добивка од околу 2.500 евра нето.

- Оглас -

Најнови вести