“Сонцата“ од Феникс поведоа со 3-1 во серијата против ЛА Клиперс, откако забележаа гостинска победа од 100-112 во четвртфиналето на Западот.
Гостите одлично го започнаа мечот, но домашните кон средината на првата четвртина го презедоа водството и успеваа да го сочуваат се до средината на третиот период. Тука на сцена повторно стапија кошаркарите на Феникс кои направија пресврт и не ја испуштија предноста се до крајот на натпреварот.
Најдобар поединец на теренот беше Расел Вестбрук од поразената екипа со 37 поени. Кај победникот најдобри поединци беа Дурант со 31 поен и Букер со еден помалку од него.
Серијата продолжува во среда рано наутро на теренот на Феникс, одсно во “Футпринт Центар“ во главниот град на сојузната држава Аризона.