Феникс ќе има супер тим и следната сезона, преку размена донесе нов олстар-играч

Олстар-бекот на Вашингтон визардс, Бредли Бил, идната сезона ќе настапува за Феникс санс, објави новинарот Адријан Војнаровски.

Сонцата и следната сезона ќе имаат супер тим, но Кевин Дурант и Девин Букер наместо со Крис Пол, титулата ќе ја напаѓаат со Бредли Бил откако Феникс и Вашингтон се согласија на мегаразмена.

Војнаровски објави дека Феникс во замена за Бил се согласил во Вашингтон да ги испрати Крис Пол и Лендри Шемет, како и неколку избори од втората рунда на драфтот.

Оваа сезона Феникс загуби во полуфиналето на Западната конференција од Денвер нагетс со 4-2 во победи.

- Оглас -

Најнови вести