Феникс ќе нема проблем против повредените клиперси

8363 Феникс санс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 04:00 часот)

Многу поразлично ќе беше размислувањето за овој меч доколку гостите беа комплетни. Вака, без Каваи Ленард кој е подолго повреден, како и Пол Џорџ кој има проблеми со лактот, Клиперси едноставно нема што да бараат.

Покрај овие двајца, вечерва ќе отсуствува и Ивица Зубац кој исто така изминативе сезони има значајна улога во тимот од Лос Анџелес.

И кај Феникс ќе има неколку отсуства во имињата на: Дарио Шариќ, Џавал Мекги и ДеАндре Ејтон, но, главните играчи Крис Бош и Девин Букер се подготвени за нова одлична партија.

Предлог тип: 1&<, 219.5 (2.40)

8001 Њујорк никс – Бостон селтикс (НБА, 01:30 часот)

Ова е еден од класиците на НБА лигата и ќе биде навистина интересно да се проследи кој ќе биде победникот.

Њујорк тргна под очекувањата, но, полека се враќа во препознатлива форма, а со победа, било која од екипите ќе направи чекор напред во борбата за што подобар пласман во плеј-офот.

И двата тима котираат во долниот дел од табелата на Источната конференција. Иако редовно го го играме Њујорк на минус поени, сепак вечерва веруваме во надминување на границата.

Предлог тип: >210.5 (1.97)

8361 Њу Орлеанс пеликанс – Голден Стејт ворирорс (НБА, 02:00 часот)

Дека домаќинот игра навистина очајно, нема потреба веќе да се пишува, а сега ќе се фокусираме на гостите.

Гонде Стејт изминатава ноќ гостуваше кај Далас маверикс и одигра навистина слаб меч, па затоа ова гостување ќе им биде добредојдено.

Како тим кој што зависи од шутот, но, и од расположението на Стеф Кари, „воините“ ќе го наполнат кошот на Њу Орлеанс кој ја има една една од најслабите одбрани во лигата.

Предлог тип: Т2>, 110.5 (1.84)

8360 Мемфис гризлис – Детроит пистонс (НБА, 02:00 часот)

Мемфис е во фантастична серија од шест едноподруго победи а вечерва не би требало да има проблеми против Детроит, кој има четири порази на последните пет гостински средби.

Овие две екипи се соочија во октомври каде што Мемфис исто така славеше пред своите навивачи и тоа со 127:92, а се надеваме дека нешто слично ќе биде и вечерва.

Предлог тип: 1 со хендикеп прво полувреме, -6.5 (1.87)

8426 Тампа беј лајтнингс – Калгари флејмс (НХЛ, 01:00 часот)

Како и по обичај, така и вечерва има изобилие од натпревари во НХЛ лигата.

Но, наш „коњак“ и овојпат е актуелниот првак и тоа повторно на повеќе голови, а ако се погледнат резултатите со Калгари, тогаш јасно е и зошто.

На последните пет дуели редовно има најмалку шест погодоци (4:3, 6:3, 4:4, 4:7, 1:5), а за да се повтори тоа и вечерва, квотата е одлична и изнесува 1.70.

Предлог тип: >5.5 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести