Феникс нема шанси во дуелот со Лејкерс, Калгари најавува голеада

Феникс санс – ЛА лејкерс (03:00 часот)

Лејкерси мора што побрзо да влезат во серија победи доколку сакаат да обезбедат плејоф. Феникс е одличен противник за таков почеток, меѓутоа вчерашниот пораз од Милвоки им ги откри слабостите на 16-кратниот шампион. Против „сонцињата“ имаат впечатлив учинок од четири последователни победи, а Леброн Џејмс ќе мора да биде на ниво и како лидер на екипата да обезбеди триумф во Аризона.

Предлог тип: 2 хен. 7.5 (2.0)

 

Денвер нагетс – Њу Орлеанс пеликанс (03:00 часот)

Денвер ќе сака да го одржи чекорот со Голден стејт во борбата за првата позиција на Западот, но за тоа ќе треба да ги „прелетаат“ Пеликаните од Њу Орлеанс. Тешко им оди против тимот чиј лидер е Ентони Дејвис, редовно дозволуваат 100 или повеќе поени кога играат против Њу Орлеанс, но, за победа поважно е да дадеш повеќе од противникот.

Ќе биде тоа дуел на „веѓата“ и „џокерот“, се чини дека токму Дејвис и Јокиќ ќе бидат играчите од одлука.

Предлог тип: <235.5 (1.95)

 

Далас маверикс – Мемфис гризлис (02:30 часот)

Далас ќе бара реванширање против Мемфис за поразот во ноември минатата година. Секако, сите ќе очекуваат нов блесок на Лука Дончиќ, во него ќе се „крстат“ за да се стигне до 28-от триумф сезонава. Во првиот меч против гризлите, Дончиќ заврши со двоен учинок од 15 поени и 10 скока, а според тоа како брилјира на домашен терен се очекува да го надмине својот просек.

Предлог тип: Дончиќ >23.5 (1.87)

 

Бостон бруинс – Њу Џерси девилс (01:00 часот)

Се најде екипа која стави крај на доминацијата на Тампа беј која се протегна на 10 последователни победи. Бостон го декласираше лидерот од Истокот со 4-1, а сега со огромна самодоверба го пречекуваат еден од послабите тимови сезонава во НХЛ лигата. Уште повеќе ќе сакаат да се реваншираат за поразот во декември од 5-2, со кој Њу Џерси го прекина победничкиот пост против Бруинс.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.02)

 

Калгари флејмс – Минесота вајлд (04:00 часот)

Како да се спречи фуриозниот Калгари, кој не знае за пораз во последните седум меча? Тешко дека Минесота има одговор за ова прашање, иако и тие се во мини-серија од четири победи. Сепак, не залудно фавориската улога е на страната на Калгари, лидерот на Западот се соочил и со потешки предизвици сезонава во кои немале проблеми.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.66)

 

- Оглас -

Најнови вести