Феникс незапирливо гази, супер партија на Ембид во првиот меч после прележувањето на Ковид-19 (Видео)

Феникс санс триумфираше во дербито против Бруклин нетс со 113-107, што за Сонцата е 16-та победа по ред во НБА лигата. На Мрежичките кои се најуспешен тим на Истокот, не им помогнаа 39-те поени на Кевин Дурант и трипл-даблот на Џејмс Харден.

Клупски рекорд на Феникс се 17 победи едноподруго, од сезоната 2006/2007, кога плејмејкер им беше Стив Неш, а канадската легенда сега е тренер на Бруклин.

На два синоќешни мечеви имаше продолженија. Минесота по два екстра периоди славеше во Филаделфија со 121-120. Џоел Ембид кој штотуку се излечи од коронавирус и пропушти девет средби, се врати со 42 поени и 14 скока, но во последниот напад центарот на 76-ките беше изблокиран, па се радуваа гостите. Данџело Расел беше јунак на Тимбервулфс со 35 поени, од кои 27 во последната четвртина и продолжението.

Хјустон со 146-143 по две продолженија го победи Шарлот. Кристијан Вуд имаше лилен рекорд од 33 поени, плус и 16 скока. За Рокетс ова е втора победа по ред, откако имаа 15 порази во низа.

Ова е блокадата која го одлучи победникот во Филаделфија:

https://twitter.com/i/status/1464778904007286787

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести