Емануел Хансел е 18-годишниот тинејџер кој изминатиов викенд блесна во Дру лигата, во која играат професионални НБА-играчи со кошаркари од аматерските и средношколските лиги.
Хансел е роден во Доминиканската Република, а како шестгодишно дете доживеал тешка незгода. Врз него се срушил ѕид, кој му ја притиснал левата рака и така останал заглавен повеќе од два часа. Повредите кои ги здобил на раката биле тешки, па лекарите морале да му ја ампутираат.
Иако со хендикеп, младиот Хансел не престанал да сонува за тоа да стане професионален кошаркар, и тоа кошаркар што еден ден ќе заигра во НБА-лигата. Сонот на Хансел и понатаму е реален. Тој може да погодува тројки, незапирлив е во продор кога ќе тргне да забие, дели асистенции, а знае и да одигра одлично во одбраната и да ги блокира противниците.
https://twitter.com/i/status/1551011498570518528
Додека играл во Life Christian академијата, Хансел имал неверојатни бројки и во просек имал 25,9 поени, 11 скока, 6,9 асистенции и 3,4 блокади по меч. Со вакви бројки, ваква посветеност и желба, нема да биде воопшто чудно Емануел во скоро време да стане првиот кошаркар со една рака што ќе заигра во најсилната НБА-лига.