Феномен – прв стрелец и асистент во шкотската лига, а игра како десен бек

Англичанецот Џејмс Таверние сезонава на 24 натпревари сезонава учествуваше во 25 гола на својот тим Глазгов Ренџерс, а интересно е што првиот стрелец и асистент во шкотската Премиерлига не е напаѓач, туку десен бек.

Таверние е дефанзивец и феномен каков што ретко се среќава. Тој дава голови и асистира и во Лига Европа. Синоќа против Стандард Лиеж даде гол од пенал во победата од 3-2.

Фудбалерот кој носи дрес со бројот 2, има навистина неверојатна статистика на која би позавиделе и најголемите ѕвезди. Има 15 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања.

Во Премиерлигата на Шкотска на 15 меча има 9 гола и 6 асистенции, во Лига купот на Шкотска има еден гол на еден меч, во квалификациите за Лига Европа има три настапи со три гола и една асистенција, додека во групите од ЛЕ на пет меча има два гола и три асистенции.

Тој ги изведува пеналите, и тоа му олеснува да има ваква импресивна статистика. Од 15-те гола, 9 му се од пенал.

- Оглас -

Најнови вести