ФЕНОМЕН: Солскјер постави рекорд за којшто сонуваше и Сер Алекс Фергусон

Оле Гунар Солскјер дефинитивно е вистински феномен на клупата на Манчестер јунајтед. Најтрофејниот англиски клуб вечерва победи на гости кај Кристал палас со 3-1, триумф кој е доволен да се испише нова страница во историјата на гигантот од „Олд Трафорд“.

Норвешкиот стратег направи нешто што досега не му успеало ниту на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Солскјер го предводеше Манчестер до осум победи по ред на гостински терен во сите натпреварувања, успех кој не бил постигнат во повеќе од 100 години постоење на клубот.

Тоа што повеќе од еден век не им успеало на сите останати тренери на Манчестер, на Солскјер му успеа само по два месеци поминати на клупата.

- Оглас -

Најнови вести