Тикет кој беше уплатен во Струмица минатиот понеделник, викендов го направи побогат обложувачот за бруто-добивка од 1.423.381 денари. На феноменалниот тикет беа наредени дури 21 натпревар и на крајот сите се погодија како точни, па само со 100 денари уплата, добивката е над 20.000 евра.
Фантастичната добивка е најмногу благодарение на Фибоначи бонусот, кој го има само во Sport Life. На тикетот сите 21 натпревари се со квоти од 1.35 или поголеми, што значи дека бонусот на добивката се зголемува за неверојатни 610 отсто.
Во една таква ситуација, добивката која ќе беше околу 205.000 денари, сега е многупати зголемена благодарение на Фибоначи бонусот и на крајот стигна до милионерска сума.
На тикетот се уплатени многу мечеви на кои среќата била на страната на обложувачот. Еден од оние мечеви за кои се вели дека „кога сака-сака“ е пресвртот што го направи Барселона против Селта Виго. Гостите водеа со 2:0 до 81-вата минута, но во последните 10 минути, Барселона направи еден од најголемите пресврти и со три погодоци стигна до триумф од 3:2, со што многу го израдува овој обложувач, кој сега има еден милиони и 200.000 денари чиста добивка од Sport Life.