15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Феноменалната Анисимова ја елиминира актуелната шампионка на ОП на Австралија

Аманда Анисимова придеди големо изненадување откако предмалку ја совлада актуелната шампионка на Отвореното првенство на Австралија, Наоми Осака со 2:1 во сетови.

Младата, 20-годишна тенисерка од САД игра во фантастична форма и дојде до осмата победа за оваа година.

Во третото коло од ОП на Австралија, тенисерката од САД тргна со негатива по првиот сет од 4:6, но тоа не ја исфрли од ритам, па возврати со 6:3 и се избори за трет, одлучувачки сет.

Таму, по голема борба, во тај-брејкот победи со 10:5 во поени, и си закажа пласман во осмина-финалето каде што ќе игра со првата носителка, Ешли Барти од Австралија.

- Оглас -

Најнови вести