5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Феноменалниот Дончиќ направи нешто што од 1961 година не е видено во НБА (Видео)

Откако пропушти три меча поради повреда на ногата, Лука Дончиќ се врати во тимот на Лос Анџелес лејкерс и беше вистински предводник до победа на гости кај Мемфис од 117:112. За нешто помалку од 39 минути Дончиќ постигна 44 поени погодувајќи 14 од 27 шута од поле. За тројка имаше шест погодено од 15 обиди. Освен што беше прв стрелец на мечот, тој беше и со најмногу скокови, вкупно 12, а додаде и шест асистенции.

Дончиќ во новата сезона постигна 43 поени против голден Стејт, потоа даде 49 поени на мечот против Минесота, а сега со 44 поени беше најзаслужен за победата над Мемфис. Во службените податоци во НБА историјата, Дончиќ е само вториот кошаркар кој успеал во првите три меча од нова сезона да постигне 40+ поени. Претходно тоа му успеало само уште на Вилт Чемберлен во далечаната 1961 година.

Ѕвездата на Лејкерс во првите три меча има просек од 45,3 поени, 11,7 скока и 7,7 асистенции по меч.

Во останатите мечеви кои се играат ноќеска: Индијана – Атланта 108:128, Филаделфија – Бостон 108:109, Кливленд – Торонто 101:112, Чикаго – Њујорк 135:125, Феникс – Јута 118:96, Портланд – Денвер 109:107, Лос Анџелес клиперс – Њу орлеанс 126:124.

 

 

- Оглас -

Најнови вести