Феноменалниот гол на Ибра му донесе двоен јубилеј: 400+150

Златан Ибрахимовиќ покажува дека и на 40 години е незадржлив. Популатниот Ибра даде фантастичен гол со кој Милан води со 1:0 на полувремето против Рома на „Олимпико“. 

https://twitter.com/i/status/1454905093560672257

Погодокот на Ибрахимовиќ има двојно значење. Тоа е јубилеен 400-ти првенствен гол на Ибрахимовиќ во сите шампионати во коишто играл. Првиот првенствен гол Ибра го даде во минатиот век, односно на 30 октомври 1999 година.

Освен што ова беше неков 400-ти првенствен погодок, голот од слободен удар против Рома е и јубилеен 150-ти во Серија А за Златан. Едноставно, шведскиот голгетер е безвременски.

- Оглас -

Најнови вести