Словенците предводени од Лука Дончиќ, кој имаше 36 поени, 11 скока и 10 асистенции, го победија Нов Зеланд со 104-78 и се пласираа во полуфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.
На Словенија ѝ требаше победа барем од 11 поени разлика за да влезе во полуфиналето и успеа во тоа, но не успеа да победи со плус 29 разлика, што ќе им донесеше прво место во групата и полесен противник во полуфиналето на турнирот во Пиреја. Дончиќ имаше обид за тројка во последната секунда, но не беше прецизен и Словенците мораа да се задоволат со второто место.
Сега е јасно дека во Пиреја полуфиналните двојки ќе бидат Грција – Словенија и Хрватска – Доминиканска Република. Само победникот на овој турнир оди на Олимписки игри во Париз, што значи дека потребни се уште две победи за пат во Париз.