Ферплеј: Алкарас освои поен, па побара од судијата да го додели на противникот (Видео)

Карлос Алкарас го совлада Американецот Бен Шелтон во осминафиналето од Ролан Гарос, но на стартот од вториот сет се случи интересен момент. Шпанецот успеа да освои поен, барем според судиите, но веднаш реагираше и побара од нив да му го доделат поенот на противникот.

И судиите, но и Шелтон останаа изненадени од ваквиот потег, но на снимката добро се гледа дека Алкарас го испушти рекетот пред да го удри топчето, што според правилата, не е дозволено.

„Ако направам нешто нечесно, морам да бидам искрен со сите и да го признаам тоа. Таков е спортот, или барем треба да биде таков. Мора да се биде фер кон противникот, затоа и го направив тоа“, рече Алкарас по мечот.

Изненаден беше и Шелтон и призна дека во прв момент помислил дека поенот на Алкарас е регуларен.

„Мојата прва помисла беше дека тој удри дозволен удар. Веднаш не го сфатив тоа, бев изненаден што судијата ми додели поен. Вистина е дека имаме одличен однос, Карлос е спортски тип“, вели Бен Шелтон.

- Оглас -

Најнови вести