Фер плеј потег на годината: Застана пред целта за да му го пропушти медалот на противникот (Видео)

Диего Ментрига е шпанскиот триатлонец кој се најде во фокусот на вниманието, иако не освои медал на трката во Сантандер. Пред крајот на трката Ментрига беше на четвртото место зад британскиот триатлонец Џејмс Тигл, кога на 50-тина до целта, Британецот направи кикс.

Џејмс ја погреши патеката и едноставно му дозволи на Ментрига да го претекне. Шпанскиот триатлонец знаеше дека противникот едноставно го згреши патот и на само неколку сантиметри од целта застана и му дозволи на Британецот да влезе пред него во целта.

Тигл го освои бронзениот медал, а Ментрига вели дека постапил правилно.

„Видов дека едноставно сврте во погрешен правец, па тоа што го направив беше потсвесна реакција. Џејмс заслужи да освои медал. Тој едноставноне го примети знакот или знакот беше погрешно поставен. Не сакав на таков начин да стигнам до медалот. Не сум сигурен, но мислам дека повторно исто би постапил“, рече новиот фер плеј херој, Ментрига.

https://twitter.com/i/status/1307456650123653120

 

- Оглас -

Најнови вести