Ферплејот како да е послаба страна на Лука Модриќ (Видео)

Освен автоголот на Милитао, во првото полувреме имаше и една ситуација по која гостинските фудбалери реагираа на неферплеј потег на Реал Мадрид. Во 33-тата минута Реал беше во напад, топката заврши во стомакот на Кеси, а фудбалерот на Барселона остана во петерецот да се жали на повреда.

Иако гостинските играчи бараа топката да биде исфрлена во аут за да му се укаже помош на повредениот фудбалер, Лука Модриќ реши да тргне во напад и да шутира од далечина, но Хрватот тоа го направи непрецизно.

 

- Оглас -

Најнови вести