На една атлетска трка во Бангкок, Тајланд, тркачите потсетија што значи да бидеш спортист. На само неколку метри пред целта, еден од учесниците на трката колабираше и не можеше да продолжи, а најпрвин еден, потоа и повеќе атлетичари се вратија, и буквално го одвлелкаа паднатиот колега до целната линија.
Овој емотивен момент кој е кандидат за ферплејф потег на годината, беше снимен од еден гледач од трибините. Првиот атлетичар кој помогна, си го расипа своето време на трката за да помогне, а останатите кои притрчаа подоцна, веќе ја имаа завршено трката.
Во атлетиката не е првпат да се случуваат колапси, предизвикани од брзо губење на силата и силно чувство на грчеви во нозете со повремена деориентација. Но, необично е некој да ризикува резултат за да му помогне на друг.