По завршувањето на натпреварот Барселона – Валенсија, кој заврши со преубедлив триумф на домашните од 7-1, некогашниот фудбалер на Валенсија, а сега на Барса, Феран Торес, беше снимен како разговара со голманот Ѓорѓи Мамардашвили.
Торес се интересираше зошто Грузиецот не заминал во Ливерпул уште оваа сезона бидејќи има договор со клубот од „Енфилд“, но настапува како позајмен за Лилјаците, кои се борат за опстанок во Ла Лига.
„Зошто не си замина уште оваа сезона?, праша Торес.
„Алисон“, одговори Мамардашвили.
Бразилскиот голман Алисон Бекер има договор со Црвените до 2026 година и Ливерпул сакаше да го задржи уште оваа сезона, а налето веројатно ќе го продаде за да не плаќа двајца скапи голмани и да земе отштета, што не би било можно следното лето.