Барселона доживеа болна елиминација од Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите, па сега со сите сили ќе атакува на трофејот од Ла Лига. „Каталонците“ имаат предност од четири поени пред Реал Мадрид, па со евентуална победа може да дојдат на +7 на три кола пред крајот.
„Во позитивно расположение го чекаме мечот против Реал Мадрид. Заслуживме повеќе, заслуживме да играме во финалето. Се справивме со најтешката задача, да надополниме два гола разлика, но во фудбалот и тоа се случува. Имаме млад тим и не се сомневам дека во иднина ќе имаме нова шанса да ја постигнеме нашата цел. Направивме се, но сега ќе мора да се фокусираме на следниот меч. Дербито против Реал Мадрид може да ни ја донесе титулата.“ – вели Феран Торес во пресрет на Ел Класико.