21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ферари и Ред Бул атакуваат на победа во Саудиска Арабија, Хамилтон ќе ризикува од дното

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија се вози денеска од 19:00 часот, а од пол-позицијата ќе стартува Себастијан Перез од Ред Бул, за кого квотата во Sport Life да победи изнесува 3.40.

И на втората трка во сезоната, Ферари и Ред Бул ќе го имаат главниот збор околу победникот и пиједесталот, бидејќи од второто и треттото место стартува славниот тим од Маранело со Шарл Леклерк за кого квотата да победи изнесува 2.55 и Карлос Сајнц (8.00)

Четвртопласиран е актуелниот првак, Макс Ферстапен од Ред Бул и тоа со коефициент за победа од 3.50, додека Џорџ Расел од Мерцедес е петтопласиран.

Седумкраниот првак, Луис Хамилтон имаше катастрофални квалификации и заврши на 16-то место. Но, на оваа трка, тој ќе тргне во својот познат стил на сè или ништо. Со мала помош од Мерцедес и веројатно наредба, доколку Луис влезе во поени, да биде пропуштен од колегата.

Поради тоа, сметаме дека вреди да се ризикува и да се одигра на Хамилтон дека ќе биде подобропласиран од Расел, за што има квота од 3.05.

Целата понуда од најголемиот дел денешни спортски збиднувања, можете да ја пронајдете на сајтот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести