Ферари ја прекина доминацијата на Тојота на трката „24 часа Ле Ман“

Тимот на Ферари е победник на легендарната трка на издржливост „24 часа Ле Ман“. Екипажот на Ферари во состав, Алесандро Пјер Гвиди, Антонио Џовинаци и Џејс Каладо, славеше пред тимот на Тојота и тоа со една минута и 21 секунда предност.

https://twitter.com/i/status/1667906623380111361

Ферари се врати на легендарната трка по пауза од 50 години и ја оствари првата победа по 1965 година и тоа на 100-годишнината од првата трка.

Со победата, Ферари ја прекина петгодишната доминација на Тојота. За Тојота возеа Себастијан Буеми, Брендон Хартли и Рјо Хиракава. Третото место со еден круг заостаток, го освои тимот на Кадилак во кој беа Алекс Лин, Ерл Бамбер и Рилард Вестбрук.

- Оглас -

Најнови вести