Ферари повторно ќе има возач кој се презива Шумахер

Мик Шумахер од наредната сезона ќе вози за Ферари во Формула 1 шампионатот.

Поточно, синот на легендарниот возач Михаел ќе биде резервен/тест возач на почетокот, додека на трките тој сè уште ќе се натпреварува со болидот на Хас.

Сепак, сето ова е јасен знак дека Ферари во иднина ќе смета на Мик, кој ќе се обиде барем делумно да ги оствари успесите коишто ги имаше неговиот татко.

Покрај него, втор тест-возач на Ферари ќе биде Антонио Џовинаци, додека во натпреварувачката година први возачи ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Во првата сезона во Ф1, Мик не успеа да освои ниту еден бод, но сега на тестирањата ќе може да прикаже многу подобри резултати со подобар болид.

- Оглас -

Најнови вести