Ферари тргна со еден-два победа во Бахраин – Ќе биде ли ова нивна сезона по долги години?

Ферари по долги години е конкурентен тим, а тоа го најави со еден-два победата на првата трка сезонава, големата награда на Бахраин.

Двоецот Шарл Леклерк и Карлос Сајнц од легендарниот Ф1 тим завршија напред, откако во последните кругови, Макс Ферстапен кој што беше второпласиран, имаше проблеми со болидот.

Тоа не му пречеше на тимот од Маранело и тифозите кои што, очекувано со голема радост ја прославија оваа победа и се надеваат дека конечно, по долги години тимот ќе биде конкурентен за титулата во двете категории.

На треттото место неочекувано заврши Луис Хамилтон кои и покрај лошиот викенд успеа да се искачи на подиумот. Макс Ферстапен, пак,  на крајот не успеа да ја комплетира трката.

- Оглас -

Најнови вести