Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел ги имаа најбрзите времиња на вториот слободен тренинг на патеката во Канада. Актуелниот првак Луис Хамилтон имаше незгода и на крајот едвај стигна до шестото најдобро време на тренингот.
Леклер го имаше најбрзото време, а Фетел заостана помалку од една десетинка зад тимскиот колега. Трет беше Валтери Ботас од Мерцедес, а потоа следеа Карлос Сајнц со Мекларен и Кевин Магнусен со Хас.
Минатата година на оваа трка победи Фетел со Ферари. Синоќешниот слободен тренинг како да е најава дека Ферари и оваа сезона може да се радува на оваа патека. Колку за потсетување, од почетокот на сезоната, доминираат возачите на Мерцедес, победувајќи на сите трки од шампионатот.
И покрај тоа што немаше свој ден и со болидот се удри во заштитниот ѕид, Хамилтон е прв фаворит за освојување на пол позицијата. Коефициентот за британскиот возач да стартува од челната позиција е 1,80 во Sport Life обложувалниците.
Потоа следува Ботас со коефициент 3, а возачите на Ферари, Леклер и Фетел се со по коефициент 6 и 6,50. За пол позиција на Верстапен, коефициентот е 20, а за сите останати возачи, коефициентот да бидат освојувачи на пол позицијата се наплаќа со коефициент 200.
Квалификациите за трката ќе бидат вечерва во 21 часот.
https://twitter.com/i/status/1137083807037661184